речник контакт

Документарецот за култните К-15 „Од другата страна“ во Киноверзум Велес

Се прикажуваат и трилерот „Повик за помош“, с.ф. Мерси“ и хоророт „ 28 години подоцна - Храмот на коските“

Петар Печков

По пауза од две седмици,  од денес петок, Киновезум продолжува со киноприкажување на филмови, откако вчера Советот го продолжи договорот за изнајмување на салата Бели мугри. Сите четири филма се премиерни
На репертоарот е документарниот на  култните К-15  -Од друга страна, кој се прикажува до среда. Тоа   не е филм за носталгија. Тоа е филм за времето, за хуморот и сатирата како огледало на општеството и за цената што ја плаќаат оние кои први се осмелиле да кажат – царот е гол. 

Премиера за американскиот трилер „Повик за помош“.  Двајца колеги се најдуваат заглавени на пуст остров, како единствени преживеани од авионска несреќа. На островот мора да ги надминат минатите несогласувања и да соработуваат за да преживеат, но на крајот тоа станува битка на волја и ум за да излезат живи. 

„Мерси“ с.ф. акција трилер. Во блиска иднина, еден детектив се наоѓа на суд, обвинет за убиство на својата сопруга. Тој има 90 минути да ја докаже својата невиност пред напредниот АИ-судија што некогаш самиот го поддржувал, пред тој да ја одреди неговата судбина.

Се прикажува и хоророт „ 28 години подоцна - Храмот на коските“.  Додека Спајк е примен во бандата на Џими Кристал на копното, д-р Келсон прави откритие што би можело да го промени светот. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »