Петар Печков
Објавено: вторник, 11 јули 2017
Министерството за внатрешни работи информира дека започнувајќи од понеделникот 10-ти јули, Отсеците за управни работи во Велес ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот. Ова работно време е заклучно со 31-ви август година.
Тоа се однесува за добивањето лични документи: лична карта, пасош, возачка дозвола, државјанство. Оваа новина важи и за Отсеците за управни работи во Битола, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.
МВР известува дека поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи податокот за проверка на прекршочна санкција “забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи, и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството.
Tweet |