речник контакт

Домовите на жители близу Бричкова чешма полни со вода (фото)

Од ЈКП Дервен објаснуваат дека тоа се природни подземни води

Петар Печков

Дел од жителите на улица ,,Даме Груев,, во близина на Бричкова чешма  реагираат откако во нивните домови се појави вода. Во зависност каде живеат кај некои е во подрумот, кај некои во собите каде престојуваат. Оваа појава е регистрирана еден месец наназад.   Во домот на семејството   Димитровски на ул. Даме Груев бр. 46 водата е во подрумот до коленици. 

Пред еден месец тука, на ова место пред мојата куќа, нешто работеа ЈКП Дервен,, . Работеа на водоводна мрежа и ја дупнаа цевката. И тогаш се појави вода, вечерта веднаш во мојот подрум,  дојде околу 3 тона вода. Ја санираа цевката, ја испумпаа водата од подрум. Но  од следниот ден постојано  доаѓа вода. Еве сега измерив изнесува 35 цм вода на 10 м2 простор.    Секој ден одам во комуналното да кажам дека потонот продолжува да се полни. Ми викаат тоа е природен извор од некаде, анализите покажувале дека водата не била од водовод - објаснува  Трајче  Димитровски. Додава дека кога го копал подрумот,била сува   земја и немало ниту капка вода, па морал да ја прска за полесно да работи. Сега ја има до коленици на истиот простор и изобилува со вода.  Десетина метри подолу е домот на Мишеви, таму водата извира во собите на првиот кат. Тече како чешма, со мал млаз. 

Кај мене водата извира од ѕидот, тече нон стоп еден месец. Прво беше како влага,за потоа мала чешма. Морав да отворам канал за да не се полни собата, водата да истекува надвор. Водата прво се јави  н аулциа како еден извор до уличното осветлување. Водата се јави кај сите соседи истовремено . И јас бев во комуналното, но немам одговор што се случува - вели  Игор Мишев. Тој поднел и барање за овој случај до локалната власт, која најавила дека ќе се формира комисија, за да испита од каде е водата.   

Ова е сериозен проблем, ни се уништуваат куќите. Треба брзо да се реагира, не само да се каже водата е природна. Десет куќи се во прашање. Дали треба да се оштетат. Кој ќе го плаќа обесштетувањето ако нешто се сруши - вели соседот Гоце Попзлатанов.

Соседите се присетуваат на случај од пред 7-8 години кога исто така се појавила вода во нивните домови. Тогаш, по некое време откако се отворила дупка на улица- повисоко од нивната на три улици,  била санирана водоводна цевка.

Тогаш   поправаа повисоко од нас а нас ни тврдеа дека водата исто така била  природна. Но по поправката на улицата која беше повисокот од нашата,  водата од нашите домови ја снема -  додава  Трајче Димитровски.  Соседит чувстуваат дека проблоемот не е доволно налаизран о стграна на велешките комуналци.

За проблемот на жителите од ул. Даме Груев, близу до Бричкова чешма, одговор ТрМр побара од ЈКП Дервен.  

ЈКП Дервен, на пријава на жителите на ул. Даме Груев за појава на вода во нивните домови и за појава на вода на самата улица, има веќе извршено увид на лице место. Беа проверени сите релевантни водоводни инсталации и канализациони шахти, и на истите не беше утврден дефект. Извршена е и анализа на водата од објектите каде има вода, како и на водата која се појавува на улицата, и утврдено е дека станува збор за природни подземни води а не за вода од водоводната или канализационата мрежа - пишува во писмениот одговор на ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »