Петар Печков
Објавено: среда, 15 декември 2010
Скопската компанија „Кенди" и Фондација „Фокус" и предадоa на Повардарска Епархија 60 килограми зачин „Пикантина". Таа ќе биде употребена во народната кујна каде се хранат социјално најранливите категории велешани.
Владиката Агатангел е благодарен за помошта и смета дека секоја донација е добредојдена, бидејќи црковната народна кујна на тој начин се обезбедува со намирници за подготвување на храна.
Tweet |