Петар Печков
Објавено: среда, 30 октомври 2024
Дополнителни 500 вакцини за сезонски грип, добиле во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. Тие биле дистрибуирани вчера и се наменети за граѓани од ризичните групи, кои сакаат превентивно да се вакцинираат.
Претходно во средината на месецов ЦЈЗ доби две илјади вакцини, а поради големиот интерес од граѓаните за аплицирање, бројот на вакцини е зголемен.
Првата недела околу илјада термини беа распределни а нешто повеќе оваа седмица, бидејќи има по 240 дневно. Тие се аплицираат од 8 до 13ч. во Хигиенски. Таа е намената за пациенти на возраст над 65 години, болни од хронични болести, деца од 6 месеци до 3 години, трудници, здравствените работници.
Сите останати пациенти кои сакаат да се вакцинираат и заштитат од сезонски грип, тоа можат да го сторат со комерцијалната вакцина. Пријавувањето е преку вакцинација.мк . Вакцината е марка „Абот“ холандска. Има и комерцијална која чини 700 денари.
Tweet |