речник контакт

До Скопје со воз на една нога

Празничен викенд, Питијада во Велес, бесплатен викенд за пензионери, па до Скопје патниците патувале како сардини

Петар Печков

Во неделата попладне метеж и хаос  за патниците кои се одлучија да патуваат со воз до Скопје. Таква гужва одамна не се помни  на железничката станица во Веле, тврдат редовните патници. Тие морале да го користат секој слободен сантиметар простор, за да може секој од  патниците да влезе и отпатува до Скопје.

Студенти, ученици, пензионери биле патниците кои ја почувствувале оваа несекојдневна гужва.  Патничкиот воз од Битола, пристигнал во Велес со половина час задоцнување а отпатувал со нови 30 минути задоцнување. Така наместо да тргне во 15,30 заминал  цел час подоцна 16,30 часот.

Од Битола дојде т.н. ,,шпанец,, Тој и така беше полн, на железничка во Велес прими уште толку патници. Кондуктерите постојано бараа од нас, да се присобереме, да влезат сите патници. Во вагоните не можеше да се дише, толку народ имаше. Сликата беше како во Индија, патници по вратите, внатре се тискавме како сардини. Вратите не можеа да се затворат. Беше непријатно да се патува, но моравме – вели  велешанец, патник за Скопје. 

Бидејќи ова е втор викенд, кога  сите пензионери бесплатно се возат со железница, очигледно тие максимално ја  искористиле можноста овој викенд да го посетат Велес, каде  се одржуваше Питијадата. 

Надлежните не смеат да дозволат, кога знаат дека пензионерите се возат овој викенд бесплатно, да испратат ваков воз за Велес. Сите беа товарени со пакети   пастрмалии, кои не можеше каде да се остават. Беше преполно. Возот мирисаше на тесто. Згора на тоа беше и празничен викенд, доста студенти се беа вратиле дома и сега назад за Скопје. И во таква ситуација се испраќа овој воз, со так мал капацитет – вели друг патник. 

Слична била ситуацијата и во вечерните часови, кога двата други патнички воза од Гевгелија и повторно од Битола, биле преполни а патниците од Велес  едвај влегле во нив.

 фотографиите се испратени од патник за Скопје

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »