Петар Печков
Објавено: недела, 17 октомври 2021
Излезеноста на гласачите во Општина Велес за Локалните избори, во 17 ч. е 43 отсто или од запишаните 45,892 гласачи првото на глас го оствариле 19.697 ( од 99,82 пребројани гласови). Споредба со локалните избори во 2017-та, во истиот термин 17 ч. тогаш излезеноста била 51,26 отсто.
Во Општина Градско излезеноста е 57,11 отсто или од запишани 3.113 гласачи, правото на глас го реализирале 1.775 лица (од 99,84 пребројани гласови). Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 55,70 отсто.
Во Општина Лозово излезеноста е 64,13 отсто или од запишани 1.984 гласачи, правото на глас го реализирале 1,271 лица (од 99,90 пребројани гласови). Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 59,19 отсто.
Во Општина Чашка излезеноста е 53,88 отсто или од запишани 6.171 гласачи, правото на глас го реализирале 3.321лица (од 99,89 пребројани гласови). Споредба со локалните избори во 2017-та тогаш излезеноста била 53,52 отсто.
Податоците сe од Државната Изборна Комисија
Tweet |