Петар Печков
Објавено: четврток, 28 октомври 2021
Одбојкарите на ГОК Борец ја забележаа третата победа во првенството на Првата лига, во третото коло. Убедливо и лесно е совладана екипата на ОК Дибра волеј со 3:0 ( 12; 10; 4). Гостите досега немаат освоено ниту сети ова беше лесен тренинг за велешани, кои имаат амбиции да влезат меѓу првите шест екипи. Во следното коло е вистинска проверка на можностите на велешкиот прволигаш, гостуваат во Тетово кај екипата на ОК Лирија од Жервојане која имаше една победа и еден пораз.
Викендот се возеше трета трка од шампионатот на Македонија во мото крос на патеката Орман, каде членот на МК Мото Велес, Драган Ванов победи во класата МХ2 до 250 кубици, каде возеа петмина натпреварувачи. Ванов победи во двете трки во сабота и неделата. Со ова тој го презеде водството во генерален пласман. На тој начин е во можност да освои двојна круна, оти Драган Ванов е во водство и во ендуро во класата Е1 до 250 кубици. На првенството одржано на Орман третото место во МХ2 го освои скопјанецот Драган Јаневски, кој вози за МК Мото Велес. Прашањето за победникот во мотокрос ќе се решава на 7-ми ноември во Битола. Додека за ендуро можно е трка да се одржи во Куманово.
Tweet |