Петар Печков
Објавено: среда, 30 декември 2015
Музичарот Драган Даутовски започна да работи музички работилници со децата со посебни потреби. Првата се одржа во Велес, со лицата од Центарот за церебрална парализа. Во малата сала на велешкиот театар можеше да се слушнат звуците на инструментите на кој свири Даутовски, кавал, гитара, окарина кои беа надополнети со придружните кои специјално за оваа пригода на посетителите им ги подели Даутовски. Имаше мали бардачиња, мали чинели, окарини. Така во салата се создаваше невообичаен звук, како од планинските реки, жуборот на потоците.
Некои ова го нарекуваат музико или звуко- терапија, за мене е звучна работилница. Ова е убава идеја, за мене е голема провокација, животна, музичка,образовна, културна, научна. Ова се работилници за создавање звучни фреквенции. Не случајно започнав од Велес, поради топчестата флејта - окарината која ме нанесе на една ваква идеја. Сакам да им го доближам звукот на тие кој им е најпотребен, на лица кој најретко се на концерти и во допир со звукот во живо. Тоа е благодат со несогледливи позитивни последици и затоа како уметник, научник истражувач сакав да го споделам, да ја вратам вербата во човекот - рече Даутовски.
На работилниците присуствава и родителите на деца. Тие заедно музицира, учеа како да свират. Даутовски би сакал во Велес да се формира некаков Центар за музички работилници, за лицата со попреченост, бидејќи така ќе може да им се помогне на оваа категорија граѓани.
Оваа работилница е на негова иницијатива, Даутовски се јави не побара. Сака да им помага на децата со попреченост. Работилницата беше интерактивна, инструменти добија и децата на нив музицираа, ги почувствуваа, ги видоа што е за нив реткост. Имаше и светлосни ефекти, што создаваше релаксација кај децата, уживање во настанот - рече Далиборка Златева претседател на Здружението на лица со церебрална парализа.
Ова беше прва ваква работилница досега организирана во земјава, а тие ќе продолжат и натаму со по две исти такви во текот на еден месец во Велес. Можно е овие работилници да се организираат и во други градови во Македонија.
Tweet |