речник контакт

Драстично се намали бројот на склопени бракови во велешко лани

Намален е бројот на склопени бракови во Општина Велес изминатата 2025 година

Петар Печков

Драстично опаѓа бројот на склопени бракови во велешко, во 2025 година имало 303 наспроти 372 во 2024 година. Тоа е намалување за 69 брака во однос на  година дена претходно или за 20 отсто. За потсетување во 2023 година имало склопено 423 брака, во 2022 - 383. Првиот склопен брак годинава беше на 8 јануари. Ова се податоци од Управата за водење на матична евиденција, заедно со одделението во Градско. 

Од Управата за водење матична евиденција,  потсетуваат дека бројката од   склопени бракови годинава, не е целосна и точна  за  Велес. Младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако младите се велешани со адреса на живеење во Велес. 

Во бројката на склопени бракови, се и жители од  други градови, кој стапуваат во брак во винариите или угостителските објекти во велешко.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »