Петар Печков
Објавено: вторник, 31 март 2020
За четири дена 23 лица во Велес не го почитувале полицискиот час. Ова е информација која ја сподели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По денови состојбата е следна, петок кон сабота едно лице, сабота кон недела седум, недела кон понеделник 12 и ноќеска три. За споредба откако пред девет дена беше воведен полициски час, во првите четри дена имаше четири прекршувања.
Тој додаде дека моментално во Велес и велешко во самоизолација се наоѓаат 122 лица.
На територијата на СВР Велес во Кавадарци за четири дена имало 13 прекршувања на полицискиот час а во Неготино 17. Денес во овие два града има 127 лица во самоизолација во Кавадарци и 104 во Неготино.
Tweet |