Петар Печков
Објавено: петок, 29 април 2022
Во текот на вчерашниот ден четврток, 28 април сообраќајната полиција во Велес спровела акција за контролирање, дали и колку мотористи ги почитуваат сообраќајните прописи.
„Спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 41 возач. Од нив, осум возеле без возачка дозвола, 25 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци„- соопштија од МВР.
Акцијата доаѓа во пресрет на првомајскиот викенд, кога вообичаено има голема раздвиженост на младите со мотори.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
Tweet |