Петар Печков
Објавено: четврток, 01 април 2021
Рекордни 82 ново заразени во велешко се евидентирани од Министерството за здравство а оздравени се 24 пациенти. За потсетување најмногу досега ново заразени имаше на 30-ти октомври лани 83 лица Или во велешко активни се 754 лица а досега се заразиле 4.568. После подолго време во велешко денес нема регистрирано смртен случај, последица на корона вирусот.
Во велешка болница вкупно хоспитализирани се 92 пациенти, од кои 77 се потврдени позитивни, осум сомнителни и седум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 41 пациенти, еден е транспортиран на Клиника за Инфективни болести. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. На Инфективно одделение се 54 пациенти, на Интерно осум и во
Модуларна болница 30
Tweet |