Петар Печков
Објавено: четврток, 12 март 2020
На 53-тата седница на Советот на Општина Велес, советникот од редовите на владејачката СДСМ Душко Петров се повлече од местото член на Советот.
Тој, во писмениот документ си поднеле неотповиклива оставка, која беше констатирана едночлено од сите присутни советници. Петров, кој по професија е адвокат, за ТрМр кратко кажа дека ја поднесува од лични причини.
Претходно тој беше и претседавач на Советот на Општина Велес во периодот 27 октомври 2017- 12 јули 2019 и си даде оставка на оваа функција.
Следен на листата на Коалицијата на СДСМ како 14-ти е Ахмед Аљуш а 15-ти е Зоран Ѓуровски.
Tweet |