Петар Печков
Објавено: вторник, 22 октомври 2024
Центарот за јавно здравје (Хигиенски) од Велес има нов в.д. директор. Министерот за здравство Арбен Таравари ја именувал д-р Павлина Велкова, на оваа позиција на почетокот на октомври.
Велкова е специјалист по социјална медицина и јавно здравје. Центарот за јавно здравје има подрачни единици во Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.
Tweet |