речник контакт

ЕВН Македонија нема да ги обесштети корисниците за надомест за штета за прегорените домашни апарати

Во два случаи при кражба на трансформатори кај Пензионерски и Рамина, прегореа домашни апарати кај бројни семејства. Оштетени се и повеќе државни инстиуции и приватни докторски ординации

Петар Печков

 ЕВН Македонија ги отфрли барањата на  нејзините корисници од Велес,  кои настрада при неодамнешната кражба на трафостаница во градот. Компанијата писмено ги известила  оштетените дека не им припаѓа надомест за штетата, која тие ја побарале. Нивната комисија како што напишаа, внимателно го разгледало барањето и на него негативно одговорила.

Операторот на дистрибутивниот систем (ОДС)  нема обврска да исплати надомест на штета, поради настани предизвикани од трети лица. Во конкретниот случај имаме кражба на трафостаница, која е причина за дефектот и настанатите оштетувања кај подносителот.   Согласно член 64 став 6 алинеја 2 од  Мрежните правила објавени во Службен весник бр. 87 од 2012 година, непланираните прекини не се предизвикани,  ниту можеле да бидат спречени од  ОДС. Истите се причинети од дејствија од трети лица  кои предизвикале дефекти при ископ, кражба, пожар, или од  дејствија на животни и птици кои влијаеле врз енергетскиот систем - пишува ЕВН Македонија во образложението доставено до велешани, чии домашни апарати настрадаа  од  хаварија на трафостаницата наречена ,,Пензионерски,, и ,,Рамина,,.

И додека компанијата соопштува дека имало 50-тина оштетени семејства во првиот случај, тие тврдат дека бројката е двојно поголема. Од ЕВН Македонија не ја соопштуваат штетата, додаваат дека е огромна, а корисниците оперираат со бројка од сто илјади евра штета, настрадаа телевизори, клими, компјутери,  фрижидери.

Штета имаше и кај повеќе приватни здравствени ординации и кај јавните и државни фирми, Медицински центар, Агенцијата за вработување, Техничко- технолошки факултет,  Центарот за социјални грижи...Разочараност и очај, но и лутина кај отштетените по ваквиот одговор на ЕВН Македонија.  

Ќе одиме на суд, таму ќе се докажуваме. Има голема штетата, повеќе семејства од стариот дел на градот се сериозно оштетени. Ќе најмиме адвокат, за да докажеме дека сме во право.  Образложението на  ЕВН за нас не држи. Исто како банката каде сме ги оставиле парите на чување,  да биде ограбена и таа да  крева раце и не упати да ги бараме парите од крадецот. Дистрибутерот  е должен да го заштитат објектот - велат оштетените.

Неколку дена подоцна на друг дел од градот, во месноста Рамина исто така при кражба на тамошната  трафостаница, настрадаа корисниците. Има бројни прегорени домашни електрични уреди. За две седмици во Велес беа украдени делови од пет  трафостаници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »