Петар Печков
Објавено: вторник, 29 август 2017
Евгени Поп Ацев е победник на четвртиот ,,Велешки пливачки маратон,, кој во неделата се пливаше на велешкото езеро ,,Младост,,.
Тој патеката во далечинско пливање со должина од 10 км. ја исплива за 2:19:23 што е поспоро во однос на лани кога победи со резултат од 2:15:29 . Треба да се знае дека Поп Ацев годинава беше единствениот учесник кој пливаше на 10 км, така што немаше конгруенција па затоа и резултатот е со послабо време.
Кај професионалците на 5 км. победи Филип Дерковски 1:13.31 во машка а кај девојките прва Миа Крстевска 1:14.36 . На патеката до 2,5 км победија Кристијан Стојановски 37: 30:62 и Јана Костадиновска 37: 26:28. Кај аматерите кои пливаа 2,5 км победи Софија Јанева 46:34 и Марио Џунов 49:56.
Пливачкиот маратон го организираше Здружението на граѓани „Клуб 28“ од Велес и кајак клубовите од градот, финансиски поддржан од Општина Велес.
Tweet |