речник контакт

Европски испитувања за квалитетот на храната во велешка лабораторија

Центарот за Јавно здравје од Велес доби сертификат за испитувања на квалитетот на храната

Петар Печков

Велешкиот Центар за Јавно здравје го доби сертификатот ИСО 17.025 со кој може да ја испитуваат храната и водата за присуство на хемикалии и тешки метали. Ова е значаен успех на Центарот затоа што тие  се трети во земјава кои сега ќе ја имаат можноста да вршат комплетни истражувања на пазарот, но и за потребите на странките дали тоа што се нуди е здраво и квалитетно. Тоа се однесува на повеќе параметри, кои влијаат врз здравјето на граѓаните.

Нашите резултати, со овој документ сега  се валидни на целата Земјина топка. Со многу напор, труд  и волја на вработените, годинава успеавме да се здобиеме со Сертификат за акредитација за испитување на вода и храна. Со ова нашата лабораторија е една од трите во земјава, по тие на Институтот за ветерина и на Републичкиот Центар за јавно здравје,   која доби позитивна оценка од Институтот за акредитација на Република Македонија. Морам да кажам дека со овој постигнат резултат се гордеам. Хемијата брзо оди напред, се откриваат хемикалии кои даваат за краток временски период нови вредности на производите, но прашање е колку се тие квалитетни. Нашата лабораторија сега тоа може да го открие  – вели раководителката на Центарот за јавно здравје во Велес д-р Флорентина Шурбевска Ристовска.

Со овој документ може да се испитуваат  вода, почва и храна.  Преку лабораториските истражувања може да се добие присуство на   пестициди во земјоделските производи, токсини , конзерванси и адитиви во храната и тешки метали во земјоделските производи  и почвата, или сите елементи кои ја загадуваат почвата и храната а се опасни по здравјето на луѓето. Така сега тие можат да испитуваат дали има влага, олово, мувла, хемикалии, бактерии во пченицата, лебот, брашното.

Ако има било какви отстапувања тие за тоа ја известуваат надлежната инспекција за храна. За присуството на бактерии биле тестирани од Лондонскиот институт, и успеале да ги пронајдат по што добиле позитивна оценка за давање на сертификат. На овој начин, најавуваат од Центарот  сега производителите ќе имаат можност повеќе, да се одлучат каде ќе ги испитуваат нивните производи, а  ова институција овозможува дополнителен приход за непречена работа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »