Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 август 2021
Изминатите 24 часа во велешко е регистриран само еден нов случај на позитивен на ковид-19. истовремено има три лица кои се водат како оздравени а по еден негативен тест. Или во велешко има активни 123 случаи.
Бројот на згрижени пациенти на Инфективно одделение кое е ковид центар од велешка Болница, идентичен како вчера.
„Вкупно се хоспитализирани 23, од кои 21 се потврдени позитивни и двајца сомнителни. На кислородна поддршка се девет пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. Во текот на вчерашниот ден, почината е пациентка на 55 годишна возраст од Свети Николе, примена на Инфективно одделение истиот ден, позитивна на јовид-19, невакцинирана“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
Tweet |