речник контакт

Еден нов позитивен од Јаболчиште, еден оздравен

На Инфективно одделение има 14 потврдено позитивни лица на корона вирус

Петар Печков

Од Центарот за јавно здравје Велес информира дека во текот на вчерашниот ден е регистриран еден нов позитивен случај на ковид-19 во велешко, лице од Горно Јаболчиште. Тоа припаѓа на кластер од потесниот круг на фамилијата,  се заразило од член на семејството .

Оздравен е еден пациент, кој бил хоспитализиран на Инфективно одделение од велешка Болница. Со ова вкупната бројка нa оздравени во велешко е 122 лице а како активни се водат 32.

На инфективно одделение од велешка Болница  се 16 лица,  14 потврдено позитивни, едно лице е пуштено дома како оздравен откако имал последователно два негативни теста, за еден се чека резултат а бил со симптоми, како и друго лице кое подолго време е на одделението но со постојано негативни резултати  иако ги имал симптомите. 

Во домашни услови се 15 лица, две се на Инфективна клиника во Скопје по еден во ГОБ 8-ми Септември во Скопје и во државен карантин, повратник од Англија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »