речник контакт

Еден нов случај и тројца оздравени од ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат згрижени 11 пациенти, шестмина се хоспитализирани меѓу нив и дете од домот во Демир Капија

Петар Печков

Еден  ново регистриран  случај со кoвид-19 во велешко а оздравени се тројца  пациенти  изминатите 24 часа.  Со ова  бројките на активни случаи падна  на 13 лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко  нема

Денес, вторник   во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се  згрижени  се  11   пациенти, еден помалку   од   вчера.  Hа Инфективно хоспитализирани  се шест    а на Интерно се пет   пациенти. Ново  примен  е еден и    испишани се двајца  пациенти

„Двајца  пациенти се  потврдено позитивни,   непотврдени се  четири лице   а  негативни се петмина   но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца   пациенти. Во двете одделенија хоспитализирани   се шест пациенти, тројца од Велес, двајца од  Кавадарци и едно дете со попреченост  од Домот во Демир Капија. Останатите пет лица се на продолжено лекување  “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »