Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 април 2020
Еден од четворицата ново заболените пациенти од Велес ноќеска е итно префрлен на Инфективна клиника во Скопје, поради нарушувањето на здравствената состојба, имал отежнато дишење, информираа од велешката Болница. Тоа е трет пациент од Велес со ковид-19, кој поради влошената состојба се лекува во Скопје.
Останатите седуммина се во стабилна состојба. Пет се на инфективното одделение а две пациентки се во домашен карантин. На Инфективно имаме две нови лица, чии резултати се очекуваат, по земениот брис - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Последните денови во Велес се регистрираа четири нови случаи, еден средношколец, кој се заразил во кругот на семејството, полицајка од ПС Петровец која се заразила на работното место, од неа подоцна се заразил и член на потесното семејство и починатиот старец, кај кого корона вирусот беше откриен по смртта.
Четири од првите шест лица заболени лица со корна вирусот во Велес, беа вработени во ЈП Македонски шуми -работна единица Велес а двајца беа членови на потесното семејство од заболените.
Tweet |