речник контакт

Еден починат пациент на 59 годишна возраст, позитивен на ковид-19

Денес, недела, повеќе оздравени отколку ново заразени со корона вирусот во велешко

Петар Печков

Билтенот на Министерството за здравство за денес, недела  е дека во велешко има повеќе оздравени - девет, отколку ново заразени -седум случи на лица позитивни на ковид-19  во велешко.  Со тоа активни се 242  случаи  а досега се заразени 3.569  лица.  

Од велешка Болница информираа дека утрово е починат пациент на 59 годишна возраст, позитивен- со брз тест за ковид-19 ,  жител на Градско, донесен во тешка општа здравствена состојба претходната вечер. Тој е 113 жртва на лица починати од последица на ковид заразата

Во велешка Болница се згрижени 39 пациенти,  од нив 32 се на Инфективно одделение и седумина на Интерно. Од  лежечките пациенти  26 се потврдено позитивни, шестмина се  сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но   задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 12  пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »