речник контакт

Единствената жена јажар во Македонија

Благородна Кулева ја продолжува семејната традиција на изработка на јажиња која започнала на почетокот од минатиот век

Петар Печков

Велешанката   Благородна Кулева  е единствената жена  јажар во Македонија. Таа ја продолжува семејната традиција на изработка на  овој производ, која започнала на почетокот од минатиот век.  Нејзиниот дуќан е на Градскиот пазар, тука е со децении, ја познаваат сите сточари и сопственици на добиток од велешко но и пошироко.  Иако е од дамина насловен е  со современо име ,,Алеми,, по имињата на нејзините две деца Александра и Мики. Таа е единствената дама во земјава во овој машки занает.

Го сакам јажарството,  само да има повеќе работа да има финансиска ќар, ова е наше национално богатство, влезено ми е во крвта бидејќи  е семејно наследство. Среќна сум ме исполнува, иако има се помалку работа, народот нема пари тешко се решава да купува, како минат годините, така е се полошо. Добро е државата да помага субвенционира како за земјоделието, така и за овие ретки стари занаети, кои се потребни  - вели Нона како што е позната кај муштериите.

Татко и инсистирал  таа да остане на оваа работа, да не замре семејниот занает.  Се бават со јажарство од 1927-ма година дедо и Благој Нацев кој го учел кај вујко му Алексо Пешев,  работел до 1977-ма  кога починал. Татко и Ацо исто учел и работел додека  бил уште  дете на 12 годишна возраст.

Ова е наш семеен занает, го работеле со генерации, претходно и од страна на мајка ми. Иако  завршив инженер, работев во Порцеланка не го заборавив.. Помагам колку што можам на ќерката со знаење, совети. Сакавме да затвориме, од општина побараа да не го затворам дуќанот, да продолжиме да не изумре скроз и Нонето продолжи со работа од 1991-вата  – вели пензионерот Ацо Нацев.

Тој има две ќерки  како наследници а постарата ја продолжува семејната традиција, останува со занаетот. Помладата ќерка завршува  економски   и таа нема допри со јажарството. Иако овој занает важи за машки Благородна успешно се носи  со времето  и обврските.

Тешко  е оти е физичка работа, не е лесно, викаат дека е машка работа. Има  допирна точка со везење, плетење, кои се женски работи,   но има многу  јазли кои се карактеристични за рибарите тие ги правеле. Јас се научив првам различни јазли, тоа е типично машка работа. Така за еден оглав ми требаат 2-3 дена за изработка – објаснува Кулева. 

Во нејзиниот дуќан се бараат јажиња, оглави, за коњи, магариња, крави, произведува ортоми од коноп јута или ппц везило. Затоа користи  три чекрка со кој се работи, тоа е основното средство за работа.   Муштерии доаѓаат од Скопје, од Повадарието, Овче Поле за да купат што им е потребно. Иако работи 20 години се уште учи, се усовршува, надградува сесрдно и помага татко и од кого во секое време добива совети, практични и усни. 

Произведува палдрма  тоа е подопашник на коњот, колани за држење на самарот, оглави, амут. Додава дека тие не се  сарачи кои   работеле предмети од  гума, од кожа од дрво, а тие  биле  ортоми. Но новото време ги приморало да научат и изработуваат нови работи, спортска опрема.

Плетеме мрежи за одмор, за спиење но и сите спортски за фудбал, одбојка, кошарка, ракомет, за тенис, нецови изработуваме. За гол за фудбал потребни се седум дека да ја изработиме. Доаѓаат  купуваат. Мораме да се прилагодуваме оти  предметите за животни се помалку се бараат. Трактори има се повеќе, наместо животни и разбирливо што работата паѓа  – вели Благородна Кулева.

Таа сака да замине до Истанбул за да се усоврши, да ја види тамошната чаршија за да купи нешто од занаетот. Турците кои доаѓале кај неа и тврдат дека ни таму во Истанбул немало жена јажар.
 
Освен што Кулева е единствената жена јажар во Македонија таа денес единствена има  меѓународен сертификат за производство на јажиња за чистење на  пушки, потребни во војската и полицијата.

Додека имаше активна војска работевме со АРМ сега повеќе не. Работевме и со полицијата но и тие веќе не купуваат. Ги добивавме работите  регуларно на тендер. Со растурањето на ЈНА, во 90-тите години се јавило потреба и АРМ да обезбедува  вакви јажиња. Татко и за кратко време го усовршил,  откако добил од некој полковник и како урнек такво ортомче. Успеал да го изработи па 12-тина години ја снабдувавме војската и некое време полицијата, но повеќе не бараат.  За ова имаме меѓународен сертификат за ортома за чистење на пушка -  гордо вели Кулева.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »