Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2026
Полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес изминатат седмица реалиизирале повеќе превентивни активности со различни возрасни и социјални групи. Била реализирана „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“, насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување.
На граѓаните им било укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период.
Во рамки на превентивните активности, полициски службеници од СВР Велес и ПО Чашка реализирале активност на тема „Полицијата поблиску до граѓаните“ и „Не биди нем сведок“, како и активности за заштита од родово базирано насилство, при што биле споделени едукативни совети со граѓаните.
На подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, биле реализирани превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им била потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување.
Во Велес е реализирана е сообраќајна превентивна активност насочена кон пешаците, при што на граѓаните им била потенцирана потребата за почитување на сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на сообраќајниците. Пешаците како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации.
На подрачјето на Велес, реализирана е сообраќајна превентивна активност во рамки на кампањата „Вози одговорно“. Целта на активноста била да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура кај возачите, особено по однос на прописното паркирање. Во рамки на активноста бил поделен печатен едукативен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
На подрачјето на општина Чашка реализирана е превентивно едукативна активност насочена кон спречување на пожари и бесправна сеча.
фото МВР
| Tweet |







