речник контакт

Една седмица во велешко се намалува бројот на активни случаи со ковид-19

Пријавен и починат пациент од домашни услови

Петар Печков

Една седмица во велешко се намалува бројот на активни случaи со ковид-19. Ова откако и денес се регистирани повеќе оздравени, отколку ново заразени. Здравствениот билтен за изминатите 24 часа, објавен од Министерството за здравство покажува 14 оздравени и 10 нови заразени, или активни се 326 случаи. 

Објавено е дека има и еден починат, кој досега не бил регистриран во Министерството за здравство, но за подолг период од 2-ри октомври до 27-ми ноември. Oва лице се лекувало во домашни услови. Институтот за јавно здравје во денес објавениот билтен објави дека досега во велешко има починати 259 лица, заклучно до 28-ми ноември. 

Во трите ковид одделенија од велешка Болница  и претпладнево, како и вчера и завчера имаше 35 пациенти. Од нив 23  се позитивни потврдени  со ПЦР тест, петмина се  непотврдени  и седуминна  се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се двајца  нови  пациенти. На  континуирана кислородна поддршка се 16 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение згрижени се 17, во Модулaрна болница има 13  пациенти додека петминна се  на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »