Петар Печков
Објавено: петок, 04 ноември 2022
Полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе во подрачните училишта во селата Каратманово и Дурфулија, општина Лозово, одржаа едукативни предавања за учениците од прво до петто одделение.
„Пред учениците беа презентирани основните информации за сообраќајните правила и прописи што директно се поврзани со нивната безбедност и сигурност како пешаци. Децата беа запознаени со значењето на семафорите и пешачките премини, потоа за правилното движење по тротоарите, како и за улогата на полицијата во контролата и регулирањето на сообраќајните прописи“- соопштија од МВР.
Овие едукативни предавања во Каратманово и Дорфулија , се одржаа во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за Свети Николе и стручната служба при општинското основно училиште “Методи Митевски Брицо“од Лозово.
Tweet |