Петар Печков
Објавено: вторник, 03 февруари 2026
На неколку локации во Велес, реализирана е превентивни активности со цел подигнување на степенот на сообраќајна култура. Активноста е на полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.
„Акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Исто така, беше нагласена и обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот“ – соопштија од МВР.
На возачите им била поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност- Скопје.
| Tweet |




