речник контакт

Едукација да не се управува под дејство на алкохол и за користењето на сигурносен појас

Активноста била реализирана во Велес и во Чашка

Петар Печков

Bчеравечер во Велес била реализирана превентивна активност да не се управува под дејство на алкохол.

„Целта е да се влијае на подигнување на свеста кај возачите, бидејќи  алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“ – соопштија од МВР.

Полициски службеници од ПО Чашка во Чашка спровеле превентивна активност „Стави појас“. 

„На граѓаните им беше потенцирано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност“ – дополнија од МВР.

Активноста е реализирана од  полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »