Петар Печков
Објавено: сабота, 07 февруари 2026
Отсекот за превенција при СВР Велес во селата Мелница, Лисиче, Дреново, Горно и Долно Јаболчиште, општина Чашка, реализираше превентивно - едукативни активности за заштита од имотни деликти и измами.
„Низ директна комуникација жителите беа информирани како да се заштитат од кражби и измами, како и за опасностите од употреба на пиротехнички средства и огнено оружје и законските импликации со кои што може да се соочат, поради непочитување на законските прописи“ – соопштија од МВР.
Биле поделени и печатени едукативни материјали.
фото МВР
| Tweet |





