речник контакт

Едукација за учениците од Булаково за врсничко и сајбер насилство

На регионален пат Кавадарци-Мушов гроб, е спроведена сообраќајно превентивна акција “Стави појас при управување на возило“

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес реализираа едукативна работилница со учениците од основното училиште “Лирија“ во село Бузалково, велешко.

„На работилницата од страна на полициските службеници беа презентирани неколку теми важни за учениците и нивната безбедност почнувајќи од темата за врсничкото насилство, особено околу насилството во училиштата, потоа за “Cyber buling“. Учениците, меѓу другото, беа запознаени како во соработка со полицијата и училишните служби може да се превенираат овие појави“ - соопштија од МВР.

Исто така, денеска во рамки на СВР Велес на регионален пат  Кавадарци-Мушов гроб, беше спроведена сообраќајно превентивна акција - “Стави појас при управување на возило“ во која на возачите покрај укажувањата, им беа делени и едукативни летоци, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »