речник контакт

Едукација на граѓаните за заштита но и препознавање на семејно насилство

Што поединецот може да стори доколку се најде во ситуација да биде сведок на одреден вид насилство

Петар Печков

Велешката полиција ги едуцираше граѓаните со превентивна активност за семејното насилство на тема „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“. 

„Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за начините како да се превенира појавата на семејно насилство, мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство“ – соопштија од МВР. 

Едукативниот настан беше реализиран  од  полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »