речник контакт

Едукација на учениците за зависностите и врсничко и сајбер насилство

Активностите ги реализираа ОО Црвен крст и полициски службеници, од Велес

Петар Печков

Ноември е месец посветен на борбата против зависностите, Општинската организација на Црвен крст Велес спроведен врсничка едукација со учениците од седмо одделение од ОУ „Васил Главинов“.

„Целта на едукацијата беше учениците да се запознаат со последиците и штетните влијанија од употребата на цигари, алкохол и дрога, како и да се подигне нивната свест за важноста на здравите навики и донесувањето правилни одлуки. Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да разговараат, да поставуваат прашања и да добијат корисни информации за ризиците од зависностите“ – соопштија од ОО Црвен крст Велес. 

Едукативни предавања за заштита од врсничко и сајбер насилство за учениците од основните училишта „Блаже Конески“ одржаа полициски службеници од СВР Велес. 

„Учениците беа запознаени со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на нивно манифестирање, но и со последиците што може да се појават, а им беа објаснети и методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите“ – информираа од  МВР. 

фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »