речник контакт

Едукација од измами за плаќање казни „Безбеден град“ и за пешаците како учесници во сообраќајот

Во рамки на двете превентивните активности бил поделен печатен едукативен материјал

Петар Печков

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на градскиот пазар во Велес, спроведоа превентивна активност под мотото „Внимавај, телефонски измами“.  На други делови од градот реализирана е превентивна активност на тема „И јас и ти сме пешаци“.

„Целта  беше да се информираат и едуцираат граѓаните како да ги препознаат измамите и да не дозволат да бидат жртви. Преку непосредни средби, на граѓаните им беше укажано да не отвораат сомнителни пораки со содржина за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“ и со упатства преку кои жртвите се наведуваат да ги остават своите лични податоци и банкарски сметки. Во втората активност  главен акцент беше ставен на пешаците, посочувајќи им дека тие, како активни учесници во сообраќајот исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“ – соопштија од МВР.

Во рамки на двете  превентивните активности бил  поделен печатен едукативен материјал.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »