Петар Печков
Објавено: петок, 05 март 2021
Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ денес изврши порибување на рибниот фонд на река Вардар, езеро Младост и река Црна. Порибувањетово количина од 1,6 тони е во рамките на добиената концесија од Министерството за земјоделие и водостопанство. Таа беше надгледувана од страна на овластен инспектор Димче Купенков.
Се изврши порибување на дел од водите кои се во ревирот на ЗСП „Бабуна“ а во согласност со Законот за рибарство и аквакултура. Езеро Младост се пориби со илјада килограми крупен крап и по тежина и по должина и триста килограми ситен крап, додека на реката Вардар во Велес 200 кг и река Црна со 100 кг. Тие количини се согласно со програмата на ЗСР за годишна работа - кажа државниот инспектор м-р Купенков.
Рибата која беше пуштена е набавена од Акватика Неготино.
Tweet |