речник контакт

Екипата на УГД Гоце Делчев го доби дербито во одбојка, со ГОК Борец

Екипата на КМФ Кеги моби во футсал првенството одгира реми со КМФ Бутел во Скопје

Петар Печков

Во дербито од разигрувањето во одбојкарското првенство победа за лидерот ОК Штип УГД над второпласираната екипа на ОК Борец со 1:3 (16, 29, -9, 15), средба одиграна во салата Гемиџии. Динамичен натпревар одиграа двете најдобри екипи во одбојка во земјава. Штипјани заслужено славеа. Остана дилемата што доколку вториот сет кој се играше на  разлика 29:31 кои го освоија штипјани а имаа можности и велешани. Тие во финишот на овој сет водеа со 21:19, гостите имаа серија од 6:0 па поведоа 21:24. Пресврт и серија од 4:0  за домаќинот, за водство од 25:24. Во продолжение се играше како на клацкалка, час едните водеа час другите за да ОК УГД Штип успее да врзе два поени разлика и го освои и поведе 0:2.  Тие се лидери , ОК Борец е втор и извесно е дека во полуфиналето кое започнува од 5 април ќе играат со ОК Струмица, во серија подобар од три а првиот натпревар како подобропласиран се игра во Велес. Но за крај од првенството останува едно коло од одваа фаза, токму викендов гостувањето во Струмица против  сеуште актуелниот  шампион.  

Реми за футсал екипата на КМФ Кеги моби во Скопје каде одигра нерешено 4:4 (1:0) со КМФ Бутел која е петто пласирана на табелата. Ова беше натпревар од  13 коло на Првата футсал лига. Домаќините го добиле  првото полувреме со 1:0, повеле и со 3:0, па со 4:1 за со силен финиш КМФ Кеги моби да израмни и донесе бод од ова гостување. Но и тој нема големо значење оти 10 бода разлика 29/39  од лидерот КМФ Проект на пет кола пред крајот е голема, која тешко се стигнува. Претходно, пред неколку дена, во Куп натпевар во Скопје КМФ Кеги моби го победи тимот на КМФ Бутел со 6:8. Викендов во салата Гемиџии супер дерби играат второпласираниот КФ Кеги моби и лидерот КМФ Проект.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »