Аница Солева
Објавено: четврток, 23 март 2006
Тие се изненадиле кога возилото со регистарски таблички ВЕ 767-БР на Јавното претпријатие дошло до зградата на Центарот за поддршка на невладините организации и ја испразнило приколката со смет и дотраен мебел. - Околу 11.30 часот тројца вработени од „Дервен“ собраниот смет од улиците Благој Абрашев и Скопска го исфрлија во Вардар на очиглед на нас присутните од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, еколошката групација „Зелена сила“, вработените од Центарот и од Здружението за заштита на птиците „Рубино“. Тука беа присутни и дел од новинарите од градот. На нашето прашање дали знаат што работат, тие одговорија дека се тоа ќе заврши во Солун и непотребно ја драматизираме ситуацијата - вели извидникот Зоран Пановски, очевидец на настанот. Велешките невладини организации го осудуваат скандалозниот и примитивен однос на „Дервен“. За настанот биле известени и раководството на претпријатието и комуналниот инспектор на Велес, кои најавија дека ќе го испитаат случајот. (П.П.) Извор: [url=dnevnik.com.mk]Дневник[/url]
Tweet |