Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 март 2011
Училиштето Рајко Жинзифов од велешкото село Горно Оризари го доби зеленото знаме на граѓанско здружение ОХО, највисоко признание кое може да добие едно еко-училиште во Македонија. Меѓу 100-те основни училишта во земјава, тоа се истакна со нивната работа за еколошката свест, со литературни и ликовни творби, собирање стара хартија и пластика, акциите учење за штедење на вода и струја.
Изминатиот период, неколку години наназад, изработивме повеќе проекти и активности за подигање на свеста кај учениците за екологијата и заштитата на животната средина. Во овој процес се вклучени и учениците, наставниот кадар, и родителите на децата, локалните власти – Тања Николова координатор на проектот во училиштето.
Организацијата ОХО од 1998 година работи на еколошката едукација на учениците во земјава. Во македонската мрежа на еко-училишта има повеќе од сто, досега само единаесет добиле зелено знаме, највисоко ниво на наградување.
Ова училиште преку нивната програма ја први поубава и почиста нивната околина, општината а со тоа и цела Македонија, таа да биде поубава средина за живеење – изјави Александра Младеновска Костиќ, директор на програмата во ОХО.
Училиштето Рајко Жинзифов за нивната посветеност на екологијата, лани во конкуренција на десетина држави и стотина училишта, ја доби трета награда во Будимпешта, Унгарија, на регионалниот конкурс за југоисточна Европа во организација на меѓународната институција 350 орг, на тема ,,земјен часовник,, .
Tweet |