Петар Печков
Објавено: вторник, 08 август 2006
Средното економско училиште „Јовче Тесличков“ од новата учебна година ќе работи во нови простории, реши Советот на Општина Велес. Наместо досегашните, сместени во зградата на старата Гимназија, каде настава посетуваа и ученици од ОУ „Благој Кирков“ и од Посебното основно училиште „Маца Овчарова“, идните економисти од есен ќе учат во сопствена зграда. Во неа досега учеа основците од ОУ „Трајко Андреев“, кое со новата регионализација престана да постои, поради малиот број на ученици. Тие ќе ја продолжат наставата во училиште кое е најблиски до местото на нивното живеење, додека наставниот кадар со работа ќе продолжи во ОУ „Блаже Конески“. Од локалната власт најавуваат дека ниту еден вработен нема да остане на улица, додека учениците ќе бидат запишани според новата реонизација. Така повеќе простор се остава за работа и за основците од ОУ „Благој Кирков“.
Tweet |