речник контакт

Еко-дозвола

Велешките фирми Крзнарата АД Димко Митрев и Металната индустрија ДОО Брако се првите македонски производители кои ја започнаа постапката да добијат еко-дозволи

Петар Печков

Велешките фирми Крзнарата АД Димко Митрев и Металната индустрија ДОО Брако се првите македонски производители кои ја започнаа постапката да добијат еко-дозволи кои ќе ги доделува локалната самоуправа. Ова е обврска на производителите со цел да се обезбеди остварување на економски развој без деградација на животната средина.

- Потенцијална опасност од нашето работење се фарбара и цинкара а приоритети за заштитата на животната средина е воведување на сопствен мониторинг - изјави Зоран Јаневски претставник на Брако.

За да ги реализираат  потребните еколошки стандарди  Брако  треба до 2008 да вложи 180 илјади евра, додека Крзнарата  до 2014-та повеќе од еден милион евра. Тоа се сопствени средства потребни за отстранување на потенцијалните опасни елементи при нивниот процес на производство.

- За елиминирање на хемиските средства кои се користат во преработката на кожа, потребно е  подобрување на работата на котларницата, третманот на отпадните води, системот на емисии на прашина, ефикасно користење на водата - вели  Љубомир Богоевски преставник на АД Димко Митрев.

Тие треба да изградат пречистителна станица за отпадните води кои се излеваат во реката Вардар и да го доградат фабричкиот оџак од 16 на 22 метри височина.  

Одржаната јавна расправа  за издавање на  еколошки дозволи е новина предвидена со новата законска регулатива, со која единиците на локалната самоуправа добија поголеми надлежности во делот  на заштитата и унапредувањето на животната средина и тие можат да издаваат  Б интегрирана еколошка дозвола.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »