Никола Солев
Објавено: недела, 05 март 2006
Елена Ристеска која припаѓа на младата генерација македонски поп пејачи, ќе ја претставува Македонија на годинешниов избор на песна на Евровизијата што ќе се одржа во мај во Атина. Ова беше решено на синоќешниот национален избор на Евросонгот кој го организираше Македонската радио телевизија. Во конкуренција на 20 композиции од 17 изведувачи, песната на композиторот Дарко Димитров „Нинанајна“ доби најмногу гласови. Изборот се изврши со телфонско гласање во кое не беше ограничено бројот на повиците. Македонија досега учествувала неколкупати на избор на песна на Евровизијата, а најуспешен беше минатогдишниот претставник Мартин Вучиќ кој се пласираше на 15.место. Извор: [url=www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=398&NrSection=10&NrArticle=18198]Макфакс[/url]
Tweet |