Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 декември 2023
Добитникот на највисокото општинско признание на Велес, наградата „Гемиџии“ проф. д-р Елка Јачева Улчар ја промовираше нејзината последна книга „Презимето кај Македонците“ во родниот Велес.
Тоа е нејзино најновото дело чија промоцијата се одржа во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес. За авторка и за книгата говореа Татјана Алексиќ и Игор Радев.
„Книгата содржи интересни факти за презимињата од ова поднебје, како се менувале низ годините, за презимињата кои исчезнале, но и за новите презимиња кои се вдомиле во овие краеви. Книгата е научна студија која се базира на податоци од речникот на презимињата кај Македонците но и од вистинити лични приказни. Во оваа книга, што носи горд наслов ‘Презимето кај Македонците’, јас сакав да проговорам за три потсистеми на презимиња, карактеристични за определени географски простори- во Малешевијата врз основа на образувањето и акцентот, во охридски Варош за бессуфиксните презимиња, во Прилеп за прекарите како главна основа за формирање презимиња “ - кажа авторката Улчар.
Таа вели дека е неопходно било да се направат овие истражувања и да се освежат, претходните, веќе застарени информации. Книгата е издание на Менора.
фото ФБ/ Локална библиотека Гоце Делечв
Tweet |