Петар Печков
Објавено: среда, 27 јуни 2012
Атлетичарот Ефремов го зазеде 28-то место од 30 учесници кои ја завршија трката на Европското првенство во атлетика кое се одржува во Хелсинки. Тој патеката од 400 метри ја истрча за 48,80 секунди, беше седми во втората елиминациска група и не успеа да се пласира меѓу 24-цата атлетичари кои утре ќе трчаат во полуфиналето. Ефремов трчаше послабо од неговиот најдобар резултат сезонава од е 48.26 сек. постигнат на 9 јуни годинава во Софија, Бугарија. Тој е учесник на Олимпијадата во Лондон.
Оваа година освен Ефремов и уште еден велешанец учествуваше на Европско првенство. Тоа беше кајакарот Игор Стефановски кој пролетва во Аузбург Германија беше 61-ви од 63-ца натпреварувачи.
Tweet |