Петар Печков
Објавено: четврток, 19 ноември 2020
Се одигра 14-тото претпоследно коло од Првата женска фудбалска лига. Во Кочани, екипата на ЖФК Борец славеше како гостин со високи 8:0, над последно пласираната ЖФК Кочани. Домаќинките немаат досега ниту освоен бод.
Головите за ЖФК Борец ги постигнаа Џенита Кицара 3 погодоци, капитенот на екипата Ана Јавашева 2 погодоци. и по еден Ангелина Босилкова, Драгана Трипчевска, Ивона Стојчева.
Ова е втора победа по ред за составот на ЖФК Борец.По ова коло велешанки се 11-ти од 16 екипи со 13 бода.
В сабота во последното коло играат дома, на игралиштето во Превалец во 12ч. против екипата на ЖФК Истатов која е седма со 18 бода.
Tweet |