Петар Печков
Објавено: петок, 02 ноември 2007
Секојдневна обврска на Наце Алексовски е да прошета по Железниот мост и да провери каква е состојбата на пешачката патека. Така овие двајца пријатели, мостот и старецот, другаруваат петнаесетина години откако седумдесет и шест годишниот Наце замина во пензија. Пред тоа тој работел во Работната единица Ремонт на пруги при Македонски Железници. Од тука потекнува неговата поврзаност со овој монументален објект, една од знаменитостите на Велес. Наце оваа работа ја извршува доброволно, без никаква надомест и договор со МЖ.
- Од како во 1993-тата заминав во пензија, мостот го одржувам самоиницијативно. Внимавам и ја поправам пешачката патека, да не се случи некој минувач да се повреди и пропадне. Оваа моја заинтерсираност за мостот потекнува од таму, што цел живот го минав во одржување на пругите низ Македонија. Кога дојде време да одмарам, се решив и натаму да останам со професијата и да го одржувам Железниот мост, како моја добра желба - вели Наце Алексовски.
Тој вели дека обврската му причинува големо задоволство и не се жали, што од сопственикот Македонски Железници не добива ни денар надомест. Даските ги зема од резервите на прагови, кои служат за поправка на пругата, додека сам ги купува шајките. Негова редовна ставка при трошењето на железничката пензија е и материјал за одржување на Железниот мост. Тој како одминуваат годините се повеќе се оштетува, ова се однесува на дотраените даски, под кој ѕирка реката Вардар и се гледа како таа патува кон Солун.
- Нив најмногу ги оштетуваат моторџиите, и тоа помладите кои поради тоа што немаат дозвола бегајќи пред полиција одат преку мостот или за да го скратат патот. Се случува ако почувствуваат дека некоја даска е оштетена да ја фрлат во Вардар, наместо да ја тргнат настрана - објаснува Алексовски.
За мостот се поврзани многу интересни настани и случки, кои повеќе ги памети неговата сопруга Надежда, која бидејќи постојано била дома и е нивен сведок. Таа ја потврдува анегдотата дека автомобил минал преку мостот.
- Беше попладне, кога слушнавме врева, излеговме од дома, кога што да видиме. Група од три четири момчиња туркаа фиќо по шините. Не ги прашавме како и зошто, но знам дека го минаа мостот, дали е во прашање опклада како што се зборуваше, тие знаат - вели Надежда Алексовска. Таа помни и друг, непријатен настан, кога во 1981-та тука загина велешанец, каскадер во филм.
- Се снимаше филмот „Време на летала“ и требаше да се скокне од мостот во Вардар. Иако момчето тоа го направи во неколку наврати, во последниот обид не излезе од Вардар. Три дена го бараа телото и дури потоа го најдоа подолу кај Стар мост - објаснува Надежда, која иако има 73 години живо се сеќава на многу случки. Помни кога Вардар бил голем и опасен, наспроти сега кога е мирен и тивок. Мостот кој има повеќе од 80 години, полека го напушта здравјето, иако постарите велешани помат дека преку него за време на Втората светска војна, германците минеле со тенкови.
- Во поново време има наредба две локомотиви, од американските, што ние ги викаме Кенеди, да не смеат да бидат поврзани една до друга во една композиција, едната напред, другата назад може, но заедно не, ете толкава издржливост сега има мостот - вели Наце.
Тој живее во куќата покрај штипската пругата и мостот и другарува со возовите. Помни дека порано имало редовен сообраќај, сега неколкупати неделно минуваат теретни возови со нафта и масло за Штип а од неодамна повторно, преку викендите сообраќа патнички воз за Кочани.
Наце ги предупредува минувачите на дотраената пешачка патека, која се состои од прагови и даски. Пред некоја седмица и неговата шеснаесетгодишна внука, доаѓајќи на посета кај баба и дедо пропаднала во дупка, поради што тој морал да ја спасува.
За Железниот мост се знае дека е изграден 1922 од страна на руси-белогардејци. Срушен е на 8-ми ноември 1944 година, ден пред ослободувањето на Велес, заедно со Стар мост и Мало мовче, кога Германците се повлекувале кон Скопје. Истите луѓе инжинери подоцна биле заробени, и како казна пет години повторно го граделе Железен мост. Го составиле долу покрај реката и потоа секој ден по еден железнички праг висина го кревале додека не го поставиле во 1949. Како награда за успешно изаршената работа, биле пуштени дома во Германија.
Седумдесет и шестгодишниот Наце Алексовски вели дека и натаму ќе се грижи за осумдесет и петгодишниот мост, под кого Вардар вековно мирно минува, се додека го служи здравјето. Мостот пак ја продолжува традицијата на старото име на Велес, Ќупурли, поради бројните мостови кој од дамнина ги имал.

Tweet |