Петар Печков
Објавено: четврток, 16 декември 2010
Трите електронски безбедносни рампи на мостот Гемиџии, кај преминот за Дворови и кај преминот за Економска, денес се вон функција. Од 9 часот не се спуштаат а надлежните од ЈП МЖ –Транспорт велат дека причина е дефект на системот.
Тие најавуваат дека во текот на денот, ќе биде отстранет и рампите повторно ќе се спуштаат. До тогаш сите железнички композиции низ Велес сообраќаат со минимална брзина и застануваат на овие премини, и со сирена означуваат дека ќе мине воз по пругата.
Tweet |