Петар Печков
Објавено: недела, 17 декември 2017
Од неделата 10-ти декември стапи на сила новиот возен ред, кој важи следните 12 месеци. Од Велес до Битола сообраќаат 3 пара возови, до Гевгелија два пара возови, до Кочани еден воз. Велешани до Скопје и обратно се возат со 10 пара возови. Има само неколку поместувања во минути, во однос на досегашниот железнички возен ред.
Велес – Скопје 5,03 / 5,40 / 6,10 недела не / 6,35 / 6,57/ 12,10 / 14,23 недела не / 15,22/ 18,40 / 21,17 /
За Битола 7,48 / 15,24 / 21,13
За Гевгелија 7,22 / 17,32 Од Гевгелија 4,43 / 16.55 /
За Кочани 17,34 од Кочани 5,00
Од Скопје 4,15 / 6,20 / 6,42 / 9,00 / 13,20 недела не / 14,30 /16,40 /16.55/ 20,10 /22,33
Од Битола 3,10 / 12.50 / 18,30 /
Појаснување за користење на бесплатен железнички превоз
Бесплатен викенд за млади до 27 год. секој прв и трет викенд во месецот. Патувањето се остварува со лична карта.
Бесплатен четврток за студенти. Патувањето се остварува со индекс и заверен семестар.
Бесплатен викенд за стари лица, жени над 62, мажи над 64 год. Патувањето се остварува со лична карта.
Бесплатна среда за ученици од средни училишта. Патувањето се остварува со училишна легитимација.
Ако првиот ден од месецот е во недела, прв викенд е наредниот.
Викенд патувањата важат од петок од 12 ч. од понеделник до 12ч.
Tweet |