речник контакт

Жена возач се здоби со тешка повреда на раката, кога ја проверувалa колата на отворен пат

Автомобилот тргнал ненадејно и жената се здобила со отворена скршеница

Петар Печков

Жена возач додека ја проверувала  колата, која на отворен пат сопрела, се здобила со тешка повреда, поради која е итно пренесена во Ургентен во Скопје. Настанот се случи денес околу пладне, на регионалниот пат од Велес за Градско, на крстосницата за Кочилари.   Автомобилот тргнал откако жената вршела преглед и ја прегазува десната подлактица.

Околу 11,45 ч., примен е повик  и екипа на  Итната помош веднаш заминала на лице место. Кај жена на возраст  од 37 год до Кавадарци, констатирана  отворена повреда на подлактица, со обилно крварење дадена е неопходна помош и транспортирана до  хируршко одделение . За време на транспортот  пациентката е во свесна состојба - соопшти д-р Васе Пановска, портпарол на Здравен дом Велес.

Донесен е пациент со повреда од сообраќајна незгода, со отворена скршеница на подлактица, санирана повреда и веднаш препратена на пластична хирургија во Скопје - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »