Петар Печков
Објавено: петок, 17 декември 2021
Жена, која живеела сама во куќа во селото Бистрица, била нападната додека спиела а потоа и ограбена. Три масирани лица со закана по живот и со употреба на сила и одзеле пари, која таа ги чувала дома.
„На 15-ти декември, околу полноќ , З.Ѓ. (71 год) од село Бистрица пријавила во СВР Велес, дека во нејзината куќа, каде живеела сама, е физички нападната. При тоа и биле одземени пари“ - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Од СВР Велес информираат дека бил извршен увид од страна на полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За потсетување пред два месеци, жител на село Оморани бил огрaбен , откако непознати лица влегле во неговиот дом и по закана по живот и го натепале но и ограбиле.
Tweet |