Петар Печков
Објавено: среда, 21 февруари 2024
Жена пријавила дека сопругот подолг временски период и се заканувал, откако не живееле заедно. Полицијата му го одзеле пиштолот кој го поседувал со дозвола. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.
„На 20 февруари во 12.10 часот во СВР Велес 49-годишна велешанка пријавила дека подолг временски период преку телефон и се заканувал нејзиниот сопруг Ш.Н.(57) од Велес, со кого еден месец не живела заедно. Тој бил повикан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, привремено му бил одземен пиштол кој го поседувал со дозвола и дозволата за оружје“ - информриа Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.
По документирање на настанот против лицето, полицијата најавува дека ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |